<
   Македонски  Англиски  Контакт
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
 

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ


Вашите прашања може да ни ги пишете овде.





П: Доколку се одлучам да го осигурам својот автомобил во Вашето осигурително друштво, дали го признавате бонусот кој што досега го имам стекнато во друга осигурителна куќа?

O: Доколку со проверка во базата на податоци за штети во Националното биро за осигурување утврдиме дека во претходниот период на осигурување не сте имале штета, без разлика во која осигурителна компанија претходно било склучено осигурувањето, Ви го признаваме стекнатиот бонус.




П: Дали полисата за каско осигурување важи во случај на промена на сопственикот на возилото?

O: Во случај на промена на сопственикот на осигуреното возило во текот на траење на каско осигурувањето, истото престанува да важи, односно правата и обврските од полисата за осигурување не се пренесуваат на новиот сопственик. На стариот сопственикот му се враќа неискористениот дел од премијата (доколку во претходниот период не била пријавена штета), а новиот сопственик е потребно да склучи нова полиса за осигурување.




П: Што треба да направам во случај на сообраќајна незгода?

O: Во случај на сообраќајна незгода неопходно е да се обрне внимание на следните неколку работи со цел што повеќе да се елиминираат евентуалните понатамошни проблеми:
веднаш известете ја полицијата и повикајте Брза помош доколку има повредени лица;
 не поместувајте ништо што би можело да им помогне на надлежните органи при составувањето на полицискиот записник за сообраќајната несреќа;
преземете ги сите можни мерки за да го заштите Вашето возило од нови дополнителни оштетувања;
 обидете се да ги забележите сите детали во врска со незгодата, особено имињата на луѓето кои учествувале во сообраќајката или пак можат да сведочат за неа, регистарските ознаки и осигурителните компании на сите возила кои директно или индиректно учествувале во незгодата, како и бројот на значките (легитимациите) на полициските службеници кои излегле на местото на незгодата;
инсистирајте да се изврши алко-тест;
прашајте го полицискиот службеник каде и како можете да подигнете копија од сочинетиот полициски записник;
доколку Вашето возило е каско осигурено, штетата можете да ја пријавите кај Вашиот осигурувач;
 доколку не поседувате полиса за каско осигурување, Вашето оштетно побарување го поднесувате во осигурителната компјанија на лицето кој што според полицискиот записник е виновен за настанаување на сообраќајната незгода.




П: Како се определува вредноста на одреден градежен објект кој е предмет на осигурување?

O: Вредноста на градежните објекти се определува според нивната градежна вредност, односно најчесто тоа е износот што во случај на штета би бил доволен оштетениот градежен објект да се доведе во првобитната состојба во која се наоѓал при приемот во осигурување.




П: Кои ризици ги опфаќа комбинираното домаќинско осигурување?

O: Домаќинското осигурување на станбените објекти за живеење опфаќа повеќе ризици и затоа се нарекува комбинирано. Овој вид на осигурување ги покрива:
 основните ризици во кои спаѓаат: пожар и удар од гром, експлозија, излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација, луња, град, удар со сопствено моторно возило, паѓање на воздушни летала, манифестација и демонстрација;
осигурување од провална кражба и разбојништво на стварите во домаќинството;
осигурување од одговорност кон трети лица во случај на нанесување на штета од осигурениот објект на некој од соседните станови;
трошоци за нужно сместување при што во случај на тотална штета на осигурениот објект, доколку нема услови за живеење во тој објект, осигурителната компанија исплатува надомест како еден вид на кирија за престој во станбен објект.




П: Што означува поимот франшиза или учество во штета и дали постои начин да се избегне?

O: Поимот франшиза означува учество на осигуреникот во паричниот износ на надоместот на штетата. На пример доколку се склучи каско осигурување со франшиза од 200 Евра, а настане штета во износ од 300 Евра, на осигуреникот ќе му бидат исплатени само 100 Евра од осигурителната компанија, бидејќи неговото учество е 200 Евра. Во некои случаи може да се изврши откуп на франшизата со плаќање на дополнителна премија. Во некои видови на осигурување може да се избере висината на франшизата со што се влијае на висината на премијата.




П: Дали осигурувањето на лица од незгода важи и во странство?

O: Осигурувањето од несреќен случај (незгода) важи 24 часа, како во земјата така и во странство.




П: Колку време по повредата можам да пријавам штета доколку сум осигурен од несреќен случај?

O: Во зависност од видот на повредата се определува и времето кога може да се пријави барањето за надомест на штета. Во секој случај, пријавувањето треба да се изврши најмалку три месеци по завршеното лекување. Пријавата може да се поднесе и порано, меѓутоа процената на повредата од страна на лекар-цензор и решавањето на оштетното побарување се врши во наведениот рок.






 Локации


Нашата цел е достапност на услугата во секој град, во секое населено место