Македонски  Англиски  Контакт
Oсигурување на моторни возила
 

КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

Дали сте се запрашале што треба да сторите за да го зачувате Вашето возило?
Ако Вашето возило навистина Ви значи тогаш треба да ја искоритите погодноста што АД Осигурителна полиса Ви ја нуди - а тоа е каско осигурување на Вашето возило.

Според Ваш избор може да склучите:
Потполно каско осигурување
Делумно каско осигурување
Дополнително осигурување на возачот и патниците од незгода

Со потполно каско осигурување се надоместуваат штетите што се предизвикани од следните ризици: сообраќајна незгода, паѓање или удар од некој предмет, пожар, ненадејно надворешно термичко дејство, удар од гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстарации, кражба и разбојништво, злонамерни постапки од страна на трети лица, оштетување на тапацирот во осигуреното возило предизвикано при давање помош на лица кои се повредени во сообраќајна незгода, или на некој друг начин, намерно предизвикување на штета на осигурениот предмет, со цел да се спречи поголема штета како и поплава, порој и високи води.
АД Осигурителна полиса Ви нуди и потполно каско осигурување со учество на осигуреникот во секоја штета (франшиза) и тоа од: 200, 400, 500 и 1000 ЕВРА.

Осигурително покритие
Возилото се осигурува на неговата новонабавна вредност
Возила постари од 10 години не се примаат во осигурувањето
Доплаток од 60% за проширување на осигурително покритие кражба и разбојништво за Република Бугарија
За возила 6-10 години се пресметува попуст од 10%.
Ризикот кражба и разбојништво е вклучен во основната стапка и важи за сите европски земји.

Делумно каско осигурување може да се договори за следнава група на ризици: кршење и оштетување на стакла на патнички моторни возила, освен кровни стакла, стакла на фарови и огледала (ретровизори).
Кај осигурувањето на огледала (ретровизори) опфатени се и штети настанати од: сообраќајна незгода, паѓање или удар од некој предмет, пожар, ненадејно надворешно термичко дејство, удар од гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстарации, кражба и разбојништво, злонамерни постапки од страна на трети лица, оштетување на тапацирот во осигуреното возило предизвикано при давање помош на лица кои се повредени во сообраќајна незгода, или на некој друг начин, намерно предизвикување на штета на осигурениот предмет, со цел да се спречи поголема штета како и поплава, порој и високи води. Како и кршење на стакло настанато како погонска штета.
Ние Ви нудиме можност за дополнување на осигурувањето со рамки на истата полиса за каско осигурување за осигурување на Вас и Вашите сопатници од последици на несреќен случај (незгода).
Дополнително осигурување на возачот и патниците од незгода. Со ова осигурување се покриваат штетите предизвикани на возачот и сопатниците, во случај на загуба на живот, инвалидитет, трошоци за лекување и дневен надомст за боледување.

Информации за осигурителното покритието и цената на осигурувањето во секое време може да се обратите на нашите агенти за осигурување.
АД Осигурителна полиса секогаш е тука за да ги задоволи Вашите потреби и интереси за осигурување.

Специјална понуда за семејни пакети, за секое дете во семејството 5% бонус, а максимален до 15% бонус во целост.

Услови за каско осигурување на моторни возила




 Локации


Нашата цел е достапност на услугата во секој град, во секое населено место